Богата вдовица, решена дека и е потребен уште е ден маж во животот, објавува оглас во весник: Богата вдовица бара маж со кој ќе го сподели животот и своето богатство. Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
1 – Да не ме тепа
2 – Да не избега од мене
3 – Да биде одличен во кревет
Неколку месеци телефонот и ѕвончето не престануваат да ѕвонат, но без никаква корист, таа се уште не може да најде партнер.
Пред речиси целосно да се откаже од потрагата и заѕвонува некој на врата.
Отвора и здогледува маж без раце и нозе како лежи на чергичето пред вратата.
“Кој си ти? Што правиш тука?”
“Здраво, јас сум мажот на твоите соништа. Немам раце па не можам да те тепам, и немам нозе па не можам да ти избегам.”
На што, вдовицата одговара: “А зошто мислиш дека си добар во кревет?”
“Па нели ѕвонев!” одговара човекот.