ЛУДА ЖУРКА НА ПОРАНЕШНИОТ ПРВАК НА “ФОРМУЛА 1” СО “КОМПАС БЕНД” ВО ЦИРИХ

Home | Uncategorized | ЛУДА ЖУРКА НА ПОРАНЕШНИОТ ПРВАК НА “ФОРМУЛА 1” СО “КОМПАС БЕНД” ВО ЦИРИХ

Кими Раиконен откачи на македонски песни

Поранешниот шампион на “Формула 1”, Кими Раиконен завчера вечерта во ноќниот клуб “Рекс попули” во Цирих, Швајцарија зе журкал на македонска музика отпеана од “Компас бенд”, кој веќе еден месец настапува тука.

Членовите на бендот, Боби у Бубе велат дека ептен се изненадиле кога ја здогледале звездата на Ферари како доаѓа во клубот со друштво.
-Дојде со друштво и се однесуваше како да е најобичен гостин. По некое време почна да ни довикува, па стана дојде до нас и ни рече дали може да го провери микрофонот за да се увери дека не пееме на плејбек. Се зезаше на микрофонот, па го зема нашиот апарат да се сликаме и не повика во друштво. Кога му кажавме од кај сме само се зачуди и рече:- Толку мала земја а добри пејачи. Навистина се забавуваше не само на странските песни, туку на македонските, кои се дел од нашиот репертоар. Највеќе му се допадна “Јовано, Јованке” па се трудеше заедно со неговиот другар Маргус меѓу строфите да изведат рап варијанта во 7/8 такт. Им беше многу чуден тој ритам. Ова е класично швајцарски клуб, но доаѓаат мешани гости и затоа пееме се. Кими навистина беше многу расположен, остана до раните утрински часови, но околу него постојано беше неговиот менаџер, кој внимаваше на постапките на ѕвездата. Му го ограничуваше сликањето и играњето иако тој многу се расположи. Пееше со нас на странските песни, но и на македонските иако не знаеше ниеден збор. Беше навистина забавно. Ништо чудно да направиме нова рап верзија на “Јовано Јоваке” како Кими Раиконен и “Компас бенд”, велат Боби и Бубе.
Финецот, Кими Раиконен е поренешен светски шампион во “Формула 1”. Возеше за “Ферари” и “Мекларен”. Минатата година беше негова последна сезона. Познат е по бурниот ноќен живот уште додека беше актуелен шампион. Светските таблоиди често го сликаа под дејство на алкохол низ светски популарните клубови. И на журката на “Компас бенд” не било поинкау. Се испразниле пет шишиња водка абсолут, кое во кафулето чИни 200 швајцарски франци.
“За нив е тоа нормално ама и платите им се 10 пати поголеми од нашите. Најефтиното кафето е само пет евра, велат пејачите.
Од 2004 година во брак е со поранешниот фински модел и Мис Скандинавија, Џени Далман, со која живеат во Швајцарија.

В.Миленковска

Текстот е прочитан 10086 пати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *